Прв дипломант
Естрадно пеење
Езерски Бисери - Струга 2014
Трет лауреат
Естрадно пеење
Езерски Бисери - Струга 2014
Прв лауреат
Естрадно пеење
Езерски Бисери - Струга 2014
Втор дипломант
Соло пеење-класична музика
Езерски Бисери - Струга 2014
Ad Libitum е центар во којшто можете да добиете музичка обука од високо образовани професионалци кои се веќе признаени и остварени во своето поле.
Можете да изберете кој било од предметите на изучување кои ги нудиме, а исто така и да комбинирате повеќе од еден. Динамиката и распоредот на часовите се по договор и инсистираме секогаш да се по Ваша желба.
Имаме професионален, но и пријателски пристап. Сите наши студенти постојано имаат можност практично да го прикажат наученото, како на концертите кои ние ги организираме, така и на фестивали надвор од нашата организација со кои постојано соработуваме.
Ние создадовме место каде Вашата креативност и талент ќе ги сретнат совршените услови и околности и ќе успеат да процветаат и прераснат во уникатен уметнички израз својствен само за Вас.
Не постои никакво возрасно ограничување. Сите љубители на музиката од која било возраст се топло добредојдени во нашиот центар.
Нашиот тим е искусен и спремен да Ве подготови за приемните испити за упис на Факултетот за музичка уметност или Средното музичко училиште.Часовите се одржуваат на македонски или англиски јазик.